Гринтех МК доо е членка на ГРЕЕН ГРОУП њњњ.греенгроуп.ро - најголема групација за рециклажа на пластика во Југоисточна Европа. Во Романија работиме од 2002 година, во Србија од 2005 година, а во Македонија од 2007 година. Имаме наши трговски фирми во Германија, Грција и Косово.
Од Април 2012 година Европската Банка за обнова и развој (ЕБРД) стана косопственик на ГРЕЕН ГРОУП со 25% од капиталот.Нејзиниот влез во структурата на сопстевност е потврда на лидерската позиција на ГРЕЕН групата во индустријата на рециклажа во Југоисточна Европа. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) го препозна успехот и посветеноста на тимот професионалци кои од 2002 година во овој регион поставија стандарди во рециклирањето.
Влезот на Европската Банка за обнова и развој (ЕБРД) во нејзината структура на сопственост го истакнува новото поглавје во работата на Греен групата и најава за нов инвестиционен циклус во фабриките во регионот.
Гринтех Мк доо е лидер во Македонија во рециклирање на ПЕТ, ПП И ПЕ , лоцирана во индустрискиот дел на населбата Гази Баба, поточно во кругот на Газела – Скопје.
Фирмата има вработено 55 вработени и од своето започнување со работа во континуитет вложува во развој на производството и ширење на мрежата на добавувачи.
Работејќи под мотото “ За чиста животна средина ” ГРИНТЕХ МК ја истакнува потребата да се собира, рециклира и повторно да се користи отпадот од пластична амбалажа, со цел заштеда на енергија, здрав живот и чиста животна средина за нашите и за идните генерации.
ГРИНТЕХ МК ДОО во моментот откупува и рециклира околу 500 тона отпадна пластика на месечно ниво од пазарот во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.
Нашиот план е до крајот на 2013 година да ги зголемиме рециклираните количини, на 700 тона на месечно ниво.
Наша визија
Нашата филозофија е усмерена на потребите на денешницата , но и за иднината на нашите деца, како би имале здрава и чиста животна средина. Хармонијата помеѓу луѓето и природата е концепт кој кога ќе се примени отвара пат за ефикасна економска активност- рециклажа на пластика.
Нашата активност и помага на природата да оздрави од долгата болест предизвикана од луѓето- болест на отпад.
Наша цел
Затоа што природните ресурси се значително намалени во последните години, рециклажата е единствено решение за нивно зачувување. Загадувањето е зголемено и поради пластичниот отпад-решението е рециклажа.
Одлучни сме да ја постигнеме нашата цел благодарение на квалификуван тим на вработени, професионална висока технологија и сегашни и идни инвестиции.