Собирачите собираат ПЕТ шишиња и ги пресуваат во бали. Кога балираните ПЕТ шишиња ќе стигнат во нашата фабрика , се сортираат по боја и на автоматска преса се пребалираат во големи бали од 300 кг. Капацитет на производството е 500 тона на месечно ниво.
Балите со ПЕТ шишиња се извезуваат во нашата фабрика ГРЕЕНТЕЦХ во Романија каде се употребуваат како суровина за производство на финални производи :
- Полестерски влакна,
- Полиестерска трака
- Р- ПЕТ гранулат (од шише до шише / боттле то боттле)
Со тоа го затвараме целиот циклус на откуп, рециклажа и финализација на ПЕТ -от . На овој начин на ПЕТ амбалажата и даваме нов живот и со тоа ја чуваме природата оставајќи и на идните генерации здрава животна средина.
На ниво на групацијата преработуваме 50 000 тони ПЕТ амбалажа на годишно ниво.