ПРОЦЕС НА РЕЦИКЛАЖА НА ПЕ/ПП
Во рамките на Гринтех МК располагаме со погон за рециклажа на отпаден Полиетилен (ПЕ ) и Полипропилен (ПП).
Погонот опфаќа две технолошки линии:
- Линија за мелење , перење и сушење
- Линија за гранулација
Капацитетот на погонот за рециклажа на отпаден Полиетилен (ПЕ ) и Полипропилен (ПП) е 200 тони на месечно ниво.
Погонот дава можност за рециклажа на следните типови отпадна пластика:
-Полиетилен со ниска густина – ЛДПЕ (најлон) ,
-Полиетилен со висока густина- ХДПЕ (дувана амбалажа, тврда пластика и др.)
-Полипропилен -ПП (канти, мали канчиња, палети и др.)
Добиените гранули се употребуваат за повторно производство на следните видови производи од пластика:
-фолија,
-вреќи,
-кеси,
-производи добиени со бризгање,
-производи добиени со дување,
-цевки и др